Како се канализираа активностите на МЖСПП, на Владата на РСМ и на градовите кои беа први на листата на загаденост со ПМ 10 и ПМ 2.5 честичките во изминатата година, а пред се како се спроведуваше акцијата за промена на начините на затоплување во 10 000 домаќинства, во 4 града во државава, со какви предизвици се соочија и кога и какви резултати можат да се очекуваат, беа теми на кои министерот Нуреди ги сподели нашите искуства со другите држави во регионот.
Енергетската сиромаштија, неефикасното затоплување со печки и огревен материјал со лош квалитет и потребата во континуитет да се прави промена во начинот на затоплување на домаќинствата како можност за сериозно подобрување на квалитетот на воздухот се потврдија како генерално прифатени ставови во регионот.