Вчера, Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, како дел од владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со неговите колеги министри, постојаниот координатор на Обединетите нации Росана Дуџијак, како и постојан претставник на УНДП Нарине Сахакијан, учествуваше во засадување на 75 нови садници од дрвја во близина на Велешкото езеро – „Младост“, кое беше зафатено од пожар пред повеќе од една година.
Акцијата е организирана по повод Денот на Обединетите нации и 75-годишнината од потпишувањето на Повелбата на ООН. Претставува симболична определба за позелена, подобра и поодржлива иднина за сите во Северна Македонија, како еден од националните предизвици и приоритети вклучени во Новата рамка за соработка за одржлив развој 2021 – 2025 година.
Со садење млади садници се одбележа Денот на Обединетите нации и 75-годишнината од потпишувањето на Повелбата на ОН
октомври 27, 2020