Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, во просториите на Министерството, оствари работна средба со италијанскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Ернесто Масимино Белели.
На состанокот се разговараше за состојбите во заштитата на животната средина, а беа разгледани и можности за изготвување на заеднички меморандум со кој ќе прецизира потесната идна соработка.
Исто така, беше разгледана идејата за меѓусебна посета на стручните тимови на македонското и италијанското министерство задолжено за животна средина, кои би биле предводени од ресорните министри, а би имале за цел размена на искуства.