Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општините Тетово, Гостивар, Теарце и Врапчиште, Ве поканува да присуствувате на јавна расправа по Нацрт-Закон за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II- Национален парк.
За транспарентност на постапката и вклучување на јавноста во процесот, ќе бидат организирани четири јавни расправи и тоа:
На 13 октомври (вторник)
– Во Тетово, во 14.00 часот, на Универзитетот во Тетово;
На 14 октомври (среда)
– Во Гостивар, во 15.00 часот, во Салата на Советот на Општина Гостивар;
– Во село Неготино, општина Врапчиште, во 18.30 часот, во Спортската сала;
На 15 октомври (четврток)
– Во с. Теарце, општина Теарце, во 18.00 часот, во Спортската сала;
Нацрт-Законт е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk), за доставување на коментари, забелешки и консултации со засегнати страни. Коментари/мислења/сугестии може да доставите најдоцна 10 дена од одржувањето на последната јавна расправа, значи до 25 октомври 2020 година на: infoeko@moepp.gov.mk
Јавните расправи ќе одржат со почитување на здравствените протоколи за организација на јавни настани (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus ).
Од тие причини потребно е да го потврдите Вашето учество и да наведете на која јавна расправа/и ќе присуствувате, на следната електронска адреса: skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на: +389 76 233 020.