Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и официјално и честиташе за назначувањето за заменик министер за животна средина на Христина Оџаклиеска, посакувајќи добредојде на новата функција.
Христина Оџаклиеска е доктор по географски науки и доаѓа од Агенцијата за планирање на просторот каде работала како планер за заштита на животната средина и природното наследство.