Министерството за животна средина и просторно плнирање информира дека од вкупно 17 мерни станици и една мобилна во моментов сите се во функција. Во мерните станица постојат по пет мерни инструменти за мерење на 5 различни параметри и во одделни мерни станици само поедини мерни инструменти не работат.
Во однос на мерењета на PM10 и PM2.5 честичките од 17 мерни станици инструментите за мерење на PM10 не се фунција на 4 мерните места и тоа:, Гази Баба, Миладиновци, Битола 1, Струмица и во мобилната станица која моментално е лоцирана во Ѓорче Петров.
- Мерниот инструмент за мерење на РМ10/PM2.5 од мобилната мерна станица во Ѓорче Петров и мерните инструменти за РМ10 од мерните станици воКарпош и Струмица се исклучени поради технички проблем.
- Мерните инструменти за мерење на PM10 од мерните станици Битола 1 и Миладиновци се исклучени поради осцилации во мерењата кои се последица на дотраеноста на самите инструменти и на нивниот извор за радијација, бидејќи оптимална оперативна работа на еден инструмент е 10 години.
- Мерниот инструмент за мерење на СО од мерната станица Ректорат е исклучен поради технички проблем.
- Мерните инструменти за мерење на O3, CO, SO2 и NO-NO2-NOx од мерните станици Карпош и Центар кои не се во функција се од производителот Orion, и за нив нема резервни делови поради престанок на работа на фабриката. Истите треба да се заменат со нови мерни инструменти од други производители.
Во текот на 2020 година во тек се повеќе активности за набавка на нови мерни инструменти. Реализацијата на дел од набавката е со донаторски средства, а дел со буџетски средства на МЖСПП.
- Временски тек на реализација на активностите:
– Јавна набавка од Буџет на МЖСПП за 2020 година се набавуваат 7 нови мерни инструменти за O3 (озон), 7 нови мерни инструменти за SO2(сулфур двооксид), 7 нови мерни инструменти за CO (јаглерод моноксид), 2 нови автоматски мерни инструменти за мерење на PM2.5 (суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри), 2 нови секвенцијални нисковолуменски семплери за мерење на PM10 и PM2.5, 7 нови сета од метеоролошки сензори за мерење на брзина и насока на ветар, атмосферски притисок, влажност, глобална радијација, надворешна температура, како и кула за калибрација на автоматски мерни инструменти за PM10 и PM2.5. Истите би требало да се стават во функција во првата половина од месец декември 2020 година.
– Набавка на опрема преку IPA-CBC проект: Потпишан договор и краен рок за испорака и оперативност на опремата е крајот на месец октомври 2020 година. Со оваа набавка ќе се инсталира нова мерна станица во Општина Гевгелија со сите мерни инструменти (O3, NO-NO2-NOx, SO2, CO, PM10, PM2.5, секвенцијален нисковолуменски семплер за мерење на PM10 и PM2.5, како и метеоролошки сензори) како и замена на сите мерни инструменти при што ќе се додадат и инструменти за мерење на нови параметри од мерната станица Битола 1 (O3, NO-NO2-NOx, SO2, CO, PM10, PM2.5, секвенцијален нисковолуменски семплер за мерење на PM10 и PM2.5, како и метеоролошки сензори).
– Набавка на опрема преку SIDA проект: Краен рок на доставување на понуди 03.09.2020 година (27 инструменти). Очекуван рок за испорака на опремата е крајот на годината.
– Набавка на опрема преку IPA2 проект: Тендерската документација е спремна и се очекува објава на тендерот најдоцна до крајот на годината