Министерот Нуредини денеска се сретна со директорот на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Дејвид Оберхубер и тимот кој работи во организацијата на полето на животната средина и климатските промени.
На средбата, директорот Оберхубер и тимот ги презентираа тековните активности на на Германското друштво за меѓународна соработа на полето на интегрирање на енергетските и климатски политики, намалување на загадувањето на воздухот, заштитата на биодиверзитетот и управувањето со водните тела и сливови, како и подобрување на водните услуги и управувањето со отпадни води на локално ниво.
Министерот Нуредини, пак од своја страна, ги информираше за тековните активности на Министерството за животна средина и просторно планирање во областите од заеднички интерес, најавувајќи го своето учество на претстојната Средба на министрите надлежни за животна средина и клима, која од 29 септември до 1 октомври 2020 ќе се одржи во Берлин.
На крајот, двајцата соговорници изразија очекување и подготвеност за уште поголемо унапредување на, и онака, добрата соработка меѓу двете институции.
Продолжува добрата соработка на МЖСПП и ГИЗ
септември 21, 2020