„Ова е е одличен позитивен пример за тоа како институциите можат да преземат одговорност и да придонесат кон енергетската ефикасност, и пред се, преку промената на начинот на затоплување кон поеколошки извор на енергија, да влијаат на намалувањето на аерозагадувањето и заштитата на животната средина. Ние ја дадовме нашата целосна поддршка кога директорот на болницата и министерот за здравство Венко Филипче работеа на овој процес, и јас ги охрабрувам сите институции да ја преземат одговорноста во рамки на својата надлежност и капацитети за ефектите врз животната средина кои ги предизвикуваат. Ние веќе имаме извршено иницијално мапирање на сите државни институции кои се греат на мазут и се работи на програмирање на средствата. Заедно со Владата планираме замена на сите нееколошки методи на греење на јавните објекти до 2024 година“ изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини кој заедно са министерот за здравство Венко Филипче и првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денескабеа во обиколка на новиот ситем за затоплувањена Специјалната болница по гинекологија и акушерство “Мајка Тереза” – Чаир во Скопје,
Имено, грејната сезона, оваа болница ќе ја започне со комплетно нов систем на загревање со течен гас (ТНГ). Второто најголемо родилиште во државата, повеќе нема да биде причинител за загадување на градот Скопје.
Поради дотраеност на постоечките котли и централниот бојлер за топла вода, во јавноста специјалната болница беше прогласена за еден од поголемите загадувачи во Скопје.