Нуредини: Потребно е силно партнерство со сите засегнати чинители за што поскоро завршување на процесот за прогласување на Шар Планина за НП

info_sredba so NVO_1На иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини одржана е онлајн средба: „КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТА ВО ПРОЦЕСОТ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ШАР ПЛАНИНА ЗА НАЦИОНАЛЕН ПАРК“ со претставници на граѓански организации. Средбата имаше за цел да информира за тековните и планираните активности во рамки на финализирање на постапката за прогласување на Шар Планина за национален парк, по прифаќањето на Иницијативата од страна на Владата на РСМ.

Како што нагласи министерот Нуредини во воведното обраќање, прифаќањето на Иницијативата од страна на Владата на РСМ значи дека веќе нема место за враќање назад и значи интензивно и амбициозно работење на завршување на процесот, за што е потребна соработка и силно партнерство на институциите со граѓанските здруженија кои работата во оваа област, економските субјекти, населението и сите засегнати чинители. Потенцирајќи го значењето од што поскоро завршување на процесот и  воспоставување на систем за управување со што на соодветен начин ќе се заштити ова природно наследство, а од друга страни ќе се отворат нови можности за социо-економски развој, министерот Нуредини најави дека Нацрт-Законот со кој се прогласува Шар Планина за национален парк и негово доставување до Владата на РСМ треба да се случи најдоцна до крајот на септември.

– Целта на овој првичен состанок е да седнеме заедно. Нашите експерти да ве информираат до каде сме стигнати, што планираме да направиме во иднина и да се обидеме да работиме заедно за да ја постигнеме заедничката цел, изјави Нуредини најавувајќи целосна транспарентност и споделување на информациите како најдобар начин за градење на добра соработка, јакнење на јавната свест и комуникација со локалните заедници.

info_sredba so NVO_2Иницијативата на овој првичен состанок главно беше во правец на продлабочување на соработката со граѓанските здруженија кои делуваат на полето на заштита на животната средина и одржливиот развој во насока на доработка на Планот за комуникација и неговото натамошно спроведување, со што би се воспоставил партнерски однос со граѓанските здруженија, нивно рано вклучување во процесот на комуникација со јавноста и ангажирање на широг круг на засегнати чинители на непосреден и организиран начин. На онлајн средбата се вклучија претставници на 13-тина граѓански здруженија меѓу кои и планинарски друштва.

Инаку, иницијативата на прогласување на Шар Планина за НП се реализира во рамките на проектот „Постигнувањето на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето“ што го спроведува Проектната канцеларија на УНЕП. Заради спроведување на постапката за прогласување, се изработува Студија за валоризација на Шар Планина, а започнува и изработката на  План за комуникација со засегнатите страни.

На средбата е најавено потпишување на Меморандум за соработка со засегнатите чинители со кој ќе се официјализира начинот на соработката.

za veb_youtube