МЖСПП и ФООМ заеднички ќе го зајакнуваат учеството на граѓанското општество во клучните во секторски реформи во областа животна средина и климатски промени

nuredini_2Со потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Фондацијата Отворено општество – Македонија се потврдија заедничките заложби да се овозможи учество на граѓанското општество во клучните во секторски реформи во областа животна средина и климатски промени како дел од процесот на пристапување кон ЕУ.

Преку проектот „Дијалог со граѓанските организации – платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“, ФООМ ќе спроведува активности за зголемена видливост на секторската работна група „Животна средина и климатски промени“ и активно ќе ја поддржува нејзината работа преку обезбедување суштинско и структурно учество

Со меморандумот за соработка ФООМ се обврзува да ја развива платформата www.dijalogkoneu.mk како централна точка за споделување на суштински и релевантни информации од институциите и граѓанските организации. Од друга страна, во функција на структурниот дијалог, MЖСПП ќе споделува и разменува информации важни за граѓанското општество за учество во секторските политики и националните консултативни процеси.

Повеќе