Со цел да се овозможи подобра имплементација на трите столба на Конвенцијата за пристап до информации, учество на јавноста во одлучувањето и пристап до правда за прашања поврзани со животната средина (Архуска Конвенција), Министерството за животна средина и просторно планирање и Архус Центарот, формиран од Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија Скопје потпишаа Меморандум за соработка. Со потпишувањето на документот министерот Насер Нуредини ја потврди целосната поддршка на МЖСПП на оваа иницијатива, а Министерството стана дел од мрежата Пријатели на Архус.
Од оваа соработка се очекува подобро вклучување на јавноста во процесите поврзани со животната средина.
Нашата држава е потписничка на оваа конвенција од 1998 година.