Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, одржа работна средба со холандскиот амбасадор во Република Северна Македонија Дирк Јан Коп. Целта на средбата беше воспоставување на соработка помеѓу двете држави во областа на просторното планирање, во пресрет на отпочнувањето на активностите за изработката на новиот Просторен план на Република Северна Македонија, како највисок плански, стратешки документ.
Средбата се одвиваше во позитивен дух и беше исклучително конструктивна, а во насока на поддршка од страна на Кралството Холандија, преку холандски експерти од областа на просторното планирање во формирањето на концептот на новиот просторен план на РСМ. За постигнување на таа цел предложено е организирање на конференција на која би биле поканети домашни и странски експерти, но и сите засегнати страни и јавноста.
Крајниот заклучок беше дека еден ваков настан би бил од исклучително значење и за двете страни, особено за РСМ во обезбедувањето на стручна помош во креирањето на ваков базичен стратешки документ како што е Просторниот план.