Публикуван Извештајот за состојба на животната средина во Европа – SOER 2020 – Подготвен од Европската агенција за животна средина

Состојба на животната средина во Европа, 2020 година: итно е потребна промена на насоката за соочување со предизвиците на климатските промени, спречување на деградација и обезбедување на иден просперитет.

Европа нема да ги постигне своите цели за 2030 година, без итна акција во текот на следните 10 години за решавање на алармантната стапка на загуба на биолошката разновидност, зголемувањето на влијанието на климатските промени и прекумерната потрошувачка на природните ресурси. Најновиот извештај на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) објавен денес, укажува дека Европа се соочува со предизвици во животната средина од невидени размери и итност. Во извештајот се вели дека, сепак, постои причина за надеж, во услови на зголемена јавна свест за потребата од преминување кон одржлива иднина, технолошки иновации, растечки иницијативи во заедницата и засилена акција на ЕУ како што е Европскиот Зелен договор.

Покрај тоа што европските политики за животна средина и климата, помогнаа во подобрувањето на животната средина во последните децении, Европа не постигнува доволно напредок и изгледите за животната средина во наредната деценија не се позитивни, според “Европската животна средина – извештај за состојбата и перспективата 2020 година (SOER 2020)”.

SOER 2020 е сеопфатна проценка за животната средина во Европа. Обезбедува сериозна слика за тоа каде Европа се наоѓа во исполнувањето на целите на политиките за 2020 и 2030 година, како и на подолготрајните цели за 2050 година и амбиции за преминување кон одржлива иднина, ниско ниво на јаглеродни емисии. Во извештајот се истакнува дека Европа веќе постигнала значителен напредок во последните две децении во смисла на ублажување на климатските промени, намалувајќи ги емисиите на стакленички гасови. Знаци на напредок се видливи и во други области, како што е справување со загадувањето на воздухот и водата и воведувањето нови политики за справување со пластичниот отпад, засилување на адаптацијата кон климатските промени, како и циркуларната и био-економијата. Понатаму, иницијатива на ЕУ за одржливо финансирање е прва од ваков вид, за улогата на финансискиот сектор во насочувањето на неопходната промена кон одржлива иднина.

Итен повик за зголемување и забрзување на промените

Иако овие достигнувања се значајни, Европа нема да ја оствари својот визија за одржливост и „добар квалитет на живот, но во границите на планетата“, ако продолжи да промовира економскиот раст и да се обидува да управува со влијанијата врз животната средина и социјалните сфери. Овој извештај ги повикува европските земји, лидерите и креаторите на политиките да превземат одговорност и да ја искористат следната деценија за радикално да ги зголемат и забрзаат акциите, да ја стават Европа назад на патот за исполнување на своите среднорочни и долгорочни цели за животната средина, како и политиките за избегнување на неповратни процеси на штета и промени во животната средина.

Тековниот опсег на европските политики и активности, даваат основа за иден напредок, но тие не се доволни. Европа треба да ги направи работите подобро, треба поинаку да се справи со одредени предизвици и треба да ги преиспита своите инвестиции. За постигнувањето на целите на Европа ќе се бара подобра имплементација и подобрена координација помеѓу сегашните политики. Исто така, во одност на политиките ќе треба дополнителни активности за да се постигне фундаментална промена во клучните системи на производство и потрошувачка, кои се основа на нашиот современ животен стил, како што се храната, енергијата и мобилноста, кои сепак имаат значителни влијанија врз животната средина.

Во извештајот се истакнува важноста за тоа, дека владите можат да овозможат премин кон одржливост и потребата од поинакво решавање на работите. На пример, Европа треба да размисли како ги користи постојните иновации и технологии, како може да се подобрат производствените процеси, како може да се поттикнат истражувања и развојот кон одржливост и како може да се стимулираат промените во потрошувачките модели и начини на живеење.

На крај, за постигнување на ваква промена ќе биде потребно инвестирање во одржлива иднина и запирање на користење на јавни средства за субвенционирање на активности што негативно влијаат на животната средина. Европа неизмерно ќе добие од таквата промена во приоритетите за инвестиции, заради економските и социјалните можности што може да ги создаде. Во исто време, клучно е да се слушнат грижите на јавноста и да се обезбеди широка поддршка за таквата промена – општествена фер транзиција.

“Извештајот за состојбата со животната средина е совршено темпиран за да ни даде дополнителен импулс што ни треба, бидејќи започнуваме нов петгодишен циклус во Европската комисија и се подготвуваме да го претставиме Европскиот зелен договор. Во наредните пет години ќе воспоставиме вистински трансформативна агенда, претставување на нови чисти технологии, ќе им помогнеме на граѓаните да се прилагодат на новите можности за работа во индустријата што се менува, преминување кон почисти и поефикасни системи за мобилност и поодржлива храна и земјоделство. Ќе има повеќекратни придобивки за Европа и за Европејците ако го добиеме ова право, а нашата економија и нашата планета ќе бидат победници. Ова е итен глобален предизвик и единствена можност за Европа“, рече Франс Тимерманс, извршен потпретседател на Европската комисија.

“Животна средина во Европа е во точка на пресврт. Имаме тесен прозорец на можности во следната децениј за да ги зголемиме мерките за заштита на природата, да ги намалиме влијанијата од климатските промени и радикално да ја намалиме потрошувачката на природни ресурси. Нашата проценка покажува дека зголемените промени резултираа со напредок во некои области, но не приближно доволно за да се исполнат нашите долгорочни цели. Веќе имаме знаење, технологии и алатки што ни се потребни за да ги направиме одржливи клучните системи за производство и потрошувачка, како храната, мобилноста и енергетиката. Нашата идна благосостојба и просперитет зависат од оваа промена, како и од нашата способност да имплементираме опсежни активности во корист на општеството, да се направат промени и да се создаде подобра иднина “, рече Ханс Брујнанккс, извршен директор на ЕЕА.

Состојбата на животната средина е влошена, а изгледите се мешани

Севкупните трендови во животната средина во Европа не се подобрени одкако е објавен последниот извештај на ЕЕА за состојбата со животната средина во 2015 година. Во проценката се истакнува дека, иако повеќето цели од 2020 година нема да бидат постигнати, особено оние за биолошката разновидност, сепак постои шанса да ги исполниме подолгорочните цели за 2030 и 2050 година.

Европа оствари важни придобивки од ефикасното искористување на ресурсите и циркуларната економија. Но, неодамнешните трендови истакнуваат забавување на напредокот во области како што се, намалување на емисиите на стакленички гасови, индустриски емисии, производство на отпад, подобрувањето на енергетската ефикасност и уделот на обновлива енергија. Гледајќи напред, сегашната стапка на напредок нема да биде доволна за да се исполнат климатските и енергетските цели за 2030 и 2050 година.

Заштитата и зачувувањето на европската биолошка разновидност и природата, останува најголемата област на обесхрабрувачки напредок. Од 13-те конкретни цели на политиките поставени за 2020 година, во оваа област, веројатно ќе се исполнат само две: назначување морски заштитени подрачја и копнени заштитени области. Гледајќи напред кон 2030 година, ако продолжат сегашните трендови, тие ќе резултираат со натамошно влошување на природата и континуирано загадување на воздухот, водата и почвата.

Климатските промени, влијанијата од загадување на воздухот и бучавата врз животната средина и здравјето на луѓето, исто така, се уште се загрижувачки. Изложеноста на честички во воздухот е одговорна за околу 400 000 предвремени смртни случаи во Европа секоја година, со несразмерен удел во централните и источноевропските земји. Исто така, расте загриженоста за опасните хемикалии и ризиците што тие ги претставуваат. Гледајќи напред, изгледите за намалување на ризиците од животната средина врз здравјето, ќе се подобрат само со подобра интеграција на политиките за животната средина и здравјето.

ТАБЕЛА 1. Минати трендови, перспективи и изгледи за остварување на целите на политиките

Tabelasoer2020

soergrafik

MtCO2e:Милиони тони CO2-еквиваленти

Одржлива иднина е сè уште можна: каде да преземеме акција?

Остварувањето на визијата за одржливост и ниско ниво на емисии од јаглерод во Европа е сè уште можна. Во извештајот се прикажани седум клучни области, каде што е потребно храбро дејствување за да се врати Европа на вистинскиот пат и да ги постигне своите цели и амбиции за 2030 и 2050 година.

1. Реализација на неисполнетиот потенцијал на постојните политики за животна средина. Целосното спроведување на постојните политики ќе ја одведе Европа далеку во однос на постигнувањето на своите цели за животната средина до 2030 година.

2. Прифатете ја одржливоста како рамка за креирање политики. Развивање на долгорочни рамки на политики со обврзувачки цели – почнувајќи од системот за храна, хемикалии и употреба на земјиштето – ќе ги стимулира и насочува кохерентните активности во повеќето сфери од општеството.

3. Водење на меѓународните активности кон одржливост. ЕУ треба да го искористи своето дипломатско и економско влијание за да промовира усвојување амбициозни меѓународни договори, во области како што се биодиверзитетот и употребата на ресурсите.

4. Промовирање на иновации низ целото општество. Промената на тековната траекторија многу ќе зависи од појавата и ширењето на разновидни форми на иновации што можат да предизвикаат нови начини на размислување и живеење.

5. Зголемете ги инвестициите и преориентирајте го секторот за финансии за поддршка на одржливи проекти и деловни активности. Ова бара инвестирање во иднина со целосно искористување на јавните фондови за поддршка на иновациите и решенијата засновани на природата, одржливи набавки и поддршка на секторите и регионите кои се под влијание. Исто така, тоа вклучува и ангажирање на финансискиот сектор во одржливи инвестиции со спроведување и градење на Акциониот план за одржливо финансирање на ЕУ.

6. Управување со ризици и обезбедување на општествена фер транзиција. Успешната транзиција кон одржливост ќе бара друштвата да ги признаат потенцијалните ризици, можностите и промените и да изготват начини за управување со нив. ЕУ и националните политики имаат суштинска улога во остварувањето на „праведни транзиции“ за да се осигурат дека никој нема да биде изоставен.

7. Изградете повеќе знаење и know-how. Ова подразбира дополнителен фокус на разбирање на системите кои ги водат притисоците врз животната средина, патеките до одржливоста, ветувачките иницијативи и бариери за промените. Потребно е понатамошно градење на капацитети, инвестирање во образованието и нови вештини за ефикасно да се управува во светот кој брзо се менува.