На 18.11.2019 година во Виена, Австрија, се оддржа, во организација на Енергетската заедница, која се однесуваше на имплементација на директивите 2001/80/ЕC за големи согорувачки постројки, Директивата за одговорност во животната средина и меѓународните договори за Оценка врз животната средина во прекуграничен контекст. На состанокот од Македонскиот информативниот центар за животна средина присуствуваше: Александра Несторовска-Крстеска – Советник, која работи на проблематиката на емисии во воздухот.
На состанокот беа презентирани и активностите на Espoo конвенцијата во рамки на Обединентите нации и протоколот кон неа и беше прикажанa студија на случај за оценка на прекугранично загадување на животна средина за Република Србија со соседните земји. Претставникот на Енерегетската заедница го презентираше драфт упатството за оценка на влијание врз животна средина при изработка на проекти за хидроцентралите.Претставниците на балканските земји ги споделија искуства за досегашната имплементација на Националниот план за редукција на емисии од големи согорувачки постројки (NERP) и мерките кои се преземаат за достигнување на националните плафони наведени во планот. Од наша страна претставникот за статусот на имплементацијата на NERP и укажа дека земјата и во текот на следната година ќе продолжи со обврската за известување до ЕЕА и Енергетската заедница и информираше за чекорите кои ги преземаат големите согорувачки постројки за редукација на емисиите и усогласување со плафоните од NERPот.