Денес во Министерството за животна средина и просторно планирање министерот Насер Нуреди придружуван од заменик министерот Јани Макрадули и стручниот тим на Министерството, одржа брифинг за новинари во врска со актуелните теми во животната средина. Новинарите од различни медиуми главно се интересираа за инцидентот во кругот на поранешната фабрика Охис. Државниот инспектор за животна средина кој што го води случајот даде детална информација за текот на настаните и за преземените активности, потврдувајќи уште еднаш дека нема места за загриженост и паника. Државниот инстекторат за животна средина редовно го контеролирал процесот на препакување на опасниот отпад во Охис преку редовно пропишаните контроли, а од инцидентот постојанао е присутен на терен со допoлнително будно следење и контрола на локацијата. Иако, официјалните резултати од анализите на земените мостри од воздухот сеуште не се доставени од надлежните институции, сепак според првичните сознанија не станува збор за накоја посериозна закана.
Министерот Нуредини ги информираше медиумите дека Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе го следи расчитувањето на овој случај и утврдувањето на одговорност и појава на евентуални прекршувања на пропишаната постапка за отстранување на опасниот историски отпад, и ќе бара максимално почитување на законските процедури.