ОГЛАС ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ЗВАЊЕ ЕКСПЕРТ ЗА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕ НА ПРОЕКТИ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Врз  основа  на  член  85-ѕ, став 2 од  Законот  за животна средина  („Службен  весник  на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13,  42/14,  44/15, 192/15, 39/16и 99/18), Министерството за животна средина и просторно планирањераспишува:

 

О Г Л А С
ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ЗВАЊЕ ЕКСПЕРТ ЗА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕ НА ПРОЕКТИ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

1. Секој кандидат кој се пријавува на огласот за полагањена испит за стекнување  звање – Експерт за оцена на влијание на проекти врз животната средина, треба да ги исполнува следните услови:

–          Да е државјанин на Република Северна Македонија;

–          Да има живеалиште во Република Северна Македонија;

–          Да има високо образование од соодветната област (диплома за завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС));

–          Со правосилна одлука да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, сѐ додека траат последиците од забраната и

–          Да има најмалку 5 години работно искуство по дипломирањето во областа на заштитата на животната средина.

 

2.  Кандидатот кој се пријавува на огласот за полагање испит за стекнување  звање – Експерт за оцена на влијание на проекти врз животната средина, треба да ги достави следните документи:

–          Барање за полагање на стручен испит во кое јасно ќе бидат наведени генералиите на кандидатот (име и  презиме, број на телефон, е-мејл);

–          Државјанство (оригинал или копија) – за докажување на државјанството;

–          Лична карта (копија на увид) – за докажување на живеалиштето;

–          Диплома од соодветната област (оригинал или копија заверена на нотар);

–          Доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, сѐ додека траат последиците од забраната;

–          Доказ за работно искуство по дипломирањето во областа;

–          Доказ за уплатени средства како надоместок за полагање на испитот за стекнување звање – експерт за оцена на влијание на проекти врз животната средина – Уплатница ПП/50 на износ од 12.000 (дванаесет илјади) денари, уплатени на жиро сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање, број 1210115202631 10,цел на дознака: полагање на испит за ЕИА,  приходна шифра 718112, програма 1, подпрограма 10.

3. Потребните документи се поднесуваат во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање, Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, кат 2.

4. Крајниот рок за пријавување за полагање на испитот е до 20.11.2019 година (среда).

5. Првиот дел од испитот се закажува во вторник на 26.11.2019 година од 11.30 до 13.30 часот.

6. Вториот дел од испитот се закажува во вторник на 28.01.2020 година од 15.30 до 17.00 часот.

7. Програмата за полагање на испитот, како и сите материјали може да ги најдете на веб страната на Министерството

https://arhiva.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/10/PROGRAMA-za-Polaganje-na-Strucen-Ispit-za-steknuvanje-zvanje-Ekspert-za-OV.pdf

 

Министерство за животна средина
и просторно планирање