Загревањето на домаќинствата, како еден од главните извори на загадувањето на воздухот, ги потикна средношколците од скопската гимназија “Јосип Броз Тито” да изнајдат решение кое ги намалува концентрациите на загадувачките супстанции испуштени во воздухот.
Поттикнат од оваа иницијатива, министерот Нуредини се сретна иновативните средношколци, и им искажа почит и признание за нивните заложби и труд за изнаоѓање на решенија за проблеми, како и покажаната висока свест за заштита на околината што не опкружува. Понатаму, ги поттикна да служат како пример за младите генерации со покажување на висока свест за тоа каква животна средина сакаат да наследат од своите предци.
Средношколците заедно со директорката Силвана Кржовска, подетално го презентираа проектот и самиот уред, ги истакнаа проблемите со кои беа соочени при неговата изработка и ја искажаа нивната заложба и спремност за понатамошно усовршување на истиот.
Теофилија Стоилковска, Марко Дураков и Мартин Стеванов му порачаа на Министерот: “Ние младите сакаме да ja направиме промената на јавната свест во општеството”.