Министерството за животна средина и просторно планирање донесе измени на Правилникот за методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисии од стационарни извори (Службен Весник на РСМ, бр. 176/19), со кои се врши стандардизација на построги услови за мерење на емисии од стационарните извори од страна на акредитираните лаборатории.
Со измените се прецизира дека мерењата за определена загадувачка супстанција треба да се вршат од страна на акредитирана лабораторија, која освен што го поседува стандардот МКС EN 17025, треба да е акредитирана и за соодветниот метод на мерење за предметната загадувачка супстанција.