(19.09.2019) Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба со директорите на националните паркови Самир Ајдини НП Маврово, Амет Аџиу НП Пелистер и Васко Паскали НП Галичица.
На состанокот се разговараше за тековните активности и проекти кои Министерството за животна средина и просторно планирање ги спроведува во соработка со Националните паркови како поддршка на планираните и идни активности.
Се разговараше за одржливото финансирање на Националните паркови како и воведување на концептот на екосистемски услуги.
Заеднички беше ставот дека треба да се интензивира соработката како и размена на информации во насока на унапредување и заштита на природното наследство во националните паркови.