(19.09.2019) Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини оствари работна средба со новоименуваниот директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје, Анди Аранитаси.
На состанокот, тие главно разговараа за теми поврзани со тековните проекти кои гиспроведува Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка на ЕБОР.
Двајцата се согласија дека соработката меѓу двете институции треба да се зајакне во иднина, со посебен акцент да се посвети на проекти поврзани со енергетска ефикасност и зголемената употреба на обновливите извори на енергија.