(13.09.2019г.) Државниот секретар при Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска и раководителот на секторот за управување со отпад, Ана Каранфилова Мазневска учествуваат на четвртата конференција на македонската асоцијација за управување со цврст отпад, чии работни сесии продолжуваат денес во Струга.
На тркалезната маса на тема „Комуницираме со сите субјекти од општеството -како да се унапреди управувањето со отпадот во Република Северна Македонија“, Ана Петровска ги информираше учесниците за процесите за воспоставување на регионален систем за управување со отпадот што ги води Министерството во соработка со општините во источниот и североисточниот плански регион.
Целта на конференцијата е да покаже дека бизнис заедницата и државните органи, вклучувајки ги секако тука и невладиниот сектор и медиумите, се подготвени да комуницираат и соработуваат со една заедничка цел, а тоа е заштитата на животната средина.