Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини одржа средба со амбасадорката на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Н. Е. Рејчел Галовеј.
Амбасадорката Галовеј истакна дека нивната поддршка е насочена кон принципите на добро владеење и владеење на правото во процесот на одлучување и имплементирање на одлуките. Во исто време, соработката е насочена и кон невладиниот сектор и општините.
Министерот Нуредини изрази почит и благодарност за поддршката што Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска ја дава во евроинтегративните процеси на Република Северна Македонија, конкретно во изработката на Национална Стратегија за развој на енергетика.
На состанокот се дискутираше и за предизвиците со кои Република Северна Македонија ќе се соочи во преговарачкиот процес со Поглавје 27 „Животна средина и клима“ и за изнаоѓање долгорочни решенија за управување со отпадот и подобрување на квалитет на воздух.
Министерот Нуредини ги пренесе своите заложби за утврдување на соработката со донаторите, невладиниот сектор, граѓанскиот сектор и општините.