(24.05.2019 год.) Денес во Подгорица, Република Црна Гора се одржува прва Заедничка седница на Владите на Република Северна Македонија и на Република Црна Гора. Оваа заедничка седница помеѓу двете Влади се одржува заради зацврстување на добрососедските односи, унапредување на соработката и размена на искуства во сите области од заеднички интерес на двете страни. Од особено значење е споделувањето на сознанијата за актуелните активности кои се спроведуваат во институциите, како и оние кои се планираат во иднина, а имаат за цел, целосно транспонирање и имплементирање на Европското законодавство на нашиот заеднички пат кон Европската Унија.
Во рамки на посетата на Црна Гора министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки ќе оствари работна средба со министерот за одржлив развој и туризам, Павле Радуловиќ на која ќе разменат мислења за идната поблиска соработка помеѓу двете држави во областа на животната средина и одржливиот развој.