(22.03.2019), Денеска во Скопје се одржа првата од двете планирани работилници за подигнување на јавната свест за значењето и важноста на отстранувањето на линданот од малата депонија во фабриката Охис, в оорганизација на Македонското еколошко друштво и во координација со Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи (POPs) на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Целта на првата работилница е целосно вклучување на сите засегнати страни и релевантни институции во процесот за подигнување на јавната свест и информирање на истите за следните чекори за отстранување на линданот од кругот на фабриката Охис.
Подигнувањето на јавната свест на населението на Скопје за значењето и влијанието на линданот врз човековото здравје и состојбата на животната средина е една од активностите која се спроведува во рамки на повеќегодишниот проект „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС, 100122“, финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и имплементиран преку УНИДО (United Nations Industrial Development Organization).
Главнат ацел на ово јдолго годишен проект, е во следниот период да се спроведе отстранување на депонираниот линдан од една од двете постоечки депонии кои сенаѓаат во фабриката ОХИС.
Македонското еколошко друштво (МЕД),во координација со Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи (POPs) на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во подготвителниот период пред да започне процесот на отстранувањето, организира повеќе активности преку кои ќе се обиде да ги сподели информациите до сите засегнати страни во врска со отстранувањето на дел од депонираниот линдан од ОХИС на најтранспарентен и најсоодветен начин. Во следниот период ќе се спроведат различни типови на активности и јавни настани за информирање на јавноста во однос на отстранувањето на линданот што се очекува да отпочне оваа есен.
Во рамки на работилницата свои презентации за оваа тема имаа претставници на проектот од Канцеларијата Попс, експерти по животна средина, од областа на хемијата и медицината а беа споделени и информациите од истражувањето на МЕД во однос на свесноста на локалното население во врска со присуството на линданот и неговото токсично дејство врз човекот и животната средина.