(04.02.2019) Целта на состанокот беше да се интензивира соработката и активностите помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата на ОН за животна средина, во делот на животната средина и заштита на природата, вклучувајќи го и прогласувањето на Шар Планина во категоријата за заштита – национален парк. Во рамките на оваа проектна активност, ангажирани се Институтот за екологија и технологија од Државниот универзитет од Тетово и Институтот за биологија од Природно-математичкиот факултет, УКИМ Скопје. Според предвидената динамика, се очекува студијата за валоризација да биде завршена во втората половина од годината и прогласувањето за национален парк да се случи до крајот на 2019 или во текот на 2020 година.
На состанокот се дискутираше и за тековните проекти кои се во насока на подобрување на управувањето со биолошката разновидност во Република Македонија, како и идни проекти кои би можеле да се имплементираат со поддршка на Глобалниот Еколошки Фонд (Global Environmental Facility / UN Environment), Канцеларија на Обединети Нации за животна средина.