(23.01.2019г.) Денеска, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули одржа работен состанок со извршниот директор на Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (Prespa Ohrid Nature Trust – PONT), Миријам де Конинг.
На состанокот,заменик министерот го нагласи значењето нафункционирањето на еден ваков фонд,чија цел е обезбедување долгорочно финансирање на заштита, зачувување и одржливо управување со биодиверзитетот. Според него, не помалку важна е и промоцијата на концептот за екосистемски услуги во регионот на Преспа и поширокото подрачје, во корист на природата и на луѓето кои живеат во овој регион. Беше разговарано за тековните проекти кои се однесуваат на управувањето со заштитените подрачја (НП Пелистер, НП Галичица, Паркот на природа – Езерани и споменик на природа – Преспанското Езеро), како и за можноста за прекугранична соработка со соседните земји во областа на заштита на природата.
На состанокот беше договорено во наредниот период да се интензивираат активностите во рамки на ПОНТ, во насока на исполнување на обврските од заедничкиот Меморандум за соработка помеѓу МЖСПП и ПОНТ, како и во насока наимплементација на Годишната програма за заштита на природата за 2019 година, Плановите за управување со заштитените подрачја и мерките и активностите од Националната Стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027) и Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План (2018-2023).