Во период од 08 до 12 декември 2018 година во Женева, во седиштето на Обединетите нации се одржа 38от состанок на Извршното тело на Конвенцијата за за прекураничен пренос на загадувачките супстанци во воздухот (CLRTAP). Состанокот е организиран од Обединетите нации. На состанокот од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваше м-р Александра Несторовска-Крстеска. На состанокот се дискутираше за неусоласеноста на земјите членки со протоколите кон конвенцијата наведени во Извештајот на имплементациониот комитет. Воедно беа презентирани активностите и мандатите на работните тела и беше ревидиран Планот за работа на Конвенцијата за перисод 2019-2021година. На овој состанок беше направена размена и на искуства со земјите надвор од UNECE регионот (Аргенитина, Мексико, Индија и други) во однос на проблемите и начините за справување со аерозагадувањето.
Состанок на Извршното тело на Конвенцијата за прекураничен пренос на загадувачките супстанци во воздухот (CLRTAP)
декември 24, 2018