1. Назив на Министерството:
Министерството за култура во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање започна со изработка на нов Законот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион.
2. Проблем:
Охридскиот регион согласно критериумите содржани во Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура, природното и културното наследство, во 1979 е впишан на Списокот (Листата) на светското наследство на УНЕСКО. Првично е впишано како природно добро, а една година подоцна како мешано добро, природно и културно наследство врз основа на критериумите (i), (iii), (iv) и (vii) на Конвенцијата. Покрај меѓународните и националните мерки за заштита, Охридскиот регион и понатаму е под закана поради непланираниот урбан развој, несоодветното управување со отпадните води и отпадот, промените во живеалиштата, уништувањето или осиромашувањето на природните ресурси, рударските активности, развојот на инфраструктура и интензивните туристички активности.
Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион донесен во 2010 година, во својата повеќе годишна примена покажа и други формални недостатоци, поради што се утврди потребата од изработка на нов Закон. Со новиот Закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, ќе се создадат формално-правни предуслови, преку интегрирано управување со природното и културното наследство да се спречат активности кои негативно влијаат врз исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион, како и да се преземат мерки за негово активно вклучување во животот на заедницата, како фактор на одржливиот развој.
3. Цел:
Главна цел која треба да се постигне со Законот е:
– спречување на активности кои негативно влијаат врз исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион,
– пренесување на исклучителните вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион на идните генерации како дел од општото наследство и како цивилизациска вредност,
– подигнување на јавната свест, одржување и унапредување на состојбата на природното и културното наследство во Охридскиот регион,
– поттикнување и спроведување на научни истражувања и воспитно-образовни активностии
– активно вклучување на природното и културното наследство во Охридскиот регион во животот на заедницата како фактор на одржливиот развој.
4. Временска рамка за изготвување на законот:
– Декември 2018 година – објава на нацрт верзија на текстот на предлог на Законот и нацрт верзија на извештајот за проценка на влијанието на регулативата на Единствениот Национален електронски регистар на прописи во Република Македонија (www.ener.gov.mk), на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање и Министерството за култура за доставување на мислења, коментари и забелешки по истиот.
– Рокот за доставување на мислења и коментари е 50 дена од денот на објавување на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за култура заклучно до 27 јануари 2019 година.
– Февруари 2018 година – Доставување на текстот на предлог на законот до Владата на Република Македонија.
5. Засегнати страни:
- Органи на државна управа, јавни установи и др.институции:
– Влада на Република Македонија;
– Министерство за култура;
– Министерство за животна средина и просторно планирање;
– Министерството за образование и наука;
– Министерство за економија;
– Министерство за транспорт и врски;
– Министерство за внатрешни работи;
– Министерство за локална самоуправа;
– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;
– Министерство за финансии;
– Министерство за надворешни работи;
– Агенција за катастар на недвижности;
– Агенција за просторно планирање;
– Агенција за подршка и промоција на туризмот;
– Агенција за лекови и медицински средства/Инспектор за хемикалии;
– Државен инспекторат за животна средина;
– Државен комунален инспекторат;
– Државен инспекторат за шумарство иловство;
– Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам;
– Капетанија на пристаништа;
– Дирекција за заштита и спасување;
– Центар за управување со кризи;
– Царинска управа;
– Државен Архив на Македонија;
– Биро за регионален развој;
– Јавна Установа Национален Парк „Галичица“;
– Јавна научна установа Хидробиолошки институт, Охрид;
– Управата за заштита на културното наследство;
– Управа за хидрометеоролошки работи;
– Управа за животна средина;
– Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид
– Билатерален Комитет за заштита на сливот на Охридско езеро;
– Комисија за управување со културното и природното наследство на Охридскиот регион;
– Национален конзерваторски центар – Скопје;
– Национален совет за одржлив развој;
– Национален совет за заштита на природата;
– Национален Рамсарски комитет;
– Национална комисија за УНЕСКО;
– Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид;
– Национална Установа, Музеј „др Никола Незоблински“ – Струга;
– Природнонаучен музеј на Македонија;
– Институт за јавно здравје – Охрид;
– Институт за историја и уметност и Архeологија на Филозофски факултет – Скопје;
– Институт за биологија на Природно – математички факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје;
– Јавно претпријатие за државни патишта;
– Јавни претпријатија за комунални работи;
– Јавно претпријатие „Македонски шуми“;
– ИКОМОС, Македонија.
- Единици на локална самоуправа
– Општина Дебрца;
– Општина Струга;
– Општина Охрид;
– Општина Ресен (дел од Биосферен резерват Охрид – Преспа).
- Стопански Комори/бизнис сектор
– Стопанска Комора на Република Македонија;
– Сојуз на Стопански комори;
– Стопанска Комора на Северозападна Македонија;
– ЕЛЕМ, Електрани на Македонија.
- Верски установи – Македонска православна црква.
- Невладини организации кои делуваат во полето на заштитата на животната средина.
- Невладини организации кои делуваат во полето на заштитата на културното наследство.
6. Начин на вклучување на засегната јавност:
– објавување на www.ener.gov.mk и веб страната на Министерство за култура и Министерство за животна средина и просторно планирање;
– организирање на јавна расправа;
– организирање на посебни состаноци со засегнатите страни.
7. Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлог измените на законот и нацрт Извештајот за ПВР:
www.kultura.gov.mk
8. Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите:
9. Одговорно лице за контакт во министерството:
Влатко Трпески, Раководител на Сектор за природа, Управа за животна средина, Министерство за животна средина и просторно планирање,
email: V.Trpeski@moepp.gov.mk
Илбер Мирта, Раководител на Сектор за води, Управа за животна средина, Министерство за животна средина и просторно планирање
email: I.Mirta@moepp.gov.mk.