(25-28.09.2013) Во организација на Европската агенција за животна средина, во Барселона, Шпанија се одржа работен состанок на експертската група за бучава во животната средина.
На состанокот беа дадени насоки. На состанокот работната група детално ги разгледа одредбите од Директивата за бучава во животната средина кои се однесуваа на вториот циклус на подготовка на стратешки карти за бучава. Беше презентиран проектот CNOSSOS-EU кој претставува заедничка платформа за развој и усогласување на методите за проценка на бучавата во сите земји.
Експерт од ЕУ за INSPIRE Директивата ја објасни поврзаноста на податоците за бучава со барањата на Директивата, беа презентирани активностите за изработката на Извештајот за состојбата со животната средина во Европа – SOER 2015 и вклучување на делот за бучава во истиот.
Најголем дел од состанокот беше посветен на шест теми, како што се: акциони планови, разграничување на урбаните зони, бучавата во корелација со загадувањето на воздухот, тивки зони во агломерации, INSPIRE и механизам за известување за бучава. Претставниците од сите земји го кажаа своето мислење, проблеми и предлози во однос на сите теми.
Исто така беа претставени новите темплејти за пополнување на податоци за акциони планови.Од земјите учеснички се очекува доколку имаат дополнителни забелешки да ги достават писмено до ЕЕА.
На овој состанок како претставник од Македонија, учествуваше Катерина Николовска, Раководител на одделението за аналитика и известување.