Соопштение за јавноста 26.10.2018 год.

Во Законот за квалитет на амбиентен воздух, дефинирани се типовите на плански документи за заштита и подобрување на квалитетот на воздухот. Согласно законот, со цел подобрување на квалитетот на воздухот, МЖСПП досега ги има подготвено следните национални стратешки документи во кои се дефинирани мерките за редукција на емисиите во воздухот:

  • Национална програма за постепена редукција на количините на емисии на одредените загадувачки супстанци на ниво на Република Македонија за период од 2012 до 2020 година која е усвоена од Владата и објавена во Сл.весник на РМ бр 108/2012.
  • Национален план за заштита на квалитетот на амбиентниот за период 2013-2018 година, кој е усвоен од Владата и објавен во Сл.весник на РМ бр 170/2012.

Во процесот на подобрувањето на квалитетот на воздухот значајна е улога на ЕЛС, бидејќи согласно законските прописи истите се задолжени да подговуваат планови за квалитет на воздух во кои се дефинираат мерки за подобрување и заштита на квалитетот на воздухот. Како резултат на активната проектна соработка на МЖСПП со ЕЛС досега се подготвени Планови за подобрување на квалитетот на воздухот за град Скопје (декември 2016 година), општина Битола (април 2012 година) и општина Тетово (април 2017 година). Истите општини, имаат подготвено и краткорочни акциони планови за заштита на воздухот, во кои се дефинирани краткорочни мерки кои треба да се спроведат при надминување на праговите на алармирање на загадувачките супстанци. Плановите се усвоени од страна на советите на општините и градот Скопје.

Дополнително, би сакале да напоменаме дека проблемот со загадувањето на воздухот е комплексен проблем. Секоја институција вклучувајќи го и Министерството може да делува само во рамките на своите ингеренции. Имено, Министерствотo за животна средина и просторно планирање е задолжено за донесување на законска регулатива, подготовка за национален план за заштита на амбиенталниот воздух во кој се дефинирани мерките за заштита и подобрување на квалитетот на водухот, за мониторинг на квалитетот на амбиентниот водух.

Она што Министерството и интерсекторска работна група во која што членуваат преставници од релевантни министерства и институции, има надлежност на вршење, изготвување на препораки и предлагање на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.

Ние сме свесни дека овој проблем не се решава преку ноќ бара интензивна, систематска и планска соработка на сите сектори и на сите нивоа во еден подолг временски период, за да конечно кога ќе ја отвориме веб страницата и ги видиме показателите на загадување на воздухот од нашите мерни станици кажеме дека се во ред. Во дефинирањето на мерките, во рамките на Интерсекторската работна група вложивме многу труд и време, ги анализиравме искуствата од другите европски и светски метрополи и градови и ги прилагодивме на наши услови. Начин за справување со загадувањето секадe во светот е сличен и бара добри урбанистички планови, гасификација, контрола на индустриата, возниот парк, рестрикции на движења на возила, бара воведување на алтернативни видови на превоз и посебна инфраструктура, значи бара плански и систематски пристап во решавање на проблемите и се разбира бара време и дополнителни финансии.

Мерни станици за мерење на квалитет на воздух, Скопје

Во моментот од 6 инструменти за РМ10 во Скопје, надвор од функција се 2 инструменти за РМ10: на мерното место во Гази Баба и Лисиче поради технички проблеми. По отклонување на проблемот, во најбрз можен рок истите ќе бидат вклучени во системот.

Од почетокот на претходната недела, односно од 15.11.2018 година до денес на мерните места во Скопје се бележат благи надминувања на среднодневната гранична вредност за РМ10 од 50 микрограми на метар кубен и истата била надмината 6 дена на мерното место во Центар, 7 дена во Карпош, 6 дена во Бутел и 10 дена во Ректорат. Од почетокот на оваа недела се бележи тренд на намалување на концентрациите на РМ10 и среднодневната гранична вредност во текот на вчерашниот ден не е надмината на ниту едно мерно место во Скопје.