Ве информираме дека утре, на 17 октомври 2018 година ќе се одржи воведна работилница на новиот проект за подготовка на Четвртиот Национален план и Третиот двогодишен извештај за климатски промени, кој се спроведува од Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите нации.
Работилницата ќе се одржи во Лоби барот на ТЦЦ Плаза Хотел, со почеток во 13ч.
Воведно обраќање ќе имаат државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска и заменик на постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Нарине Сахакјан.
Ве покануваме со ваши екипи да присуствувате на настанот.