Ве информираме дека на 04 септември 2018 г. (вторник) заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули ќе присуствува на завршната церемонија на Твининг проектот за јакнење на административните капацитети за спроведување на Рамковната директива за отпад и директивите за посебните видови на отпад (пакување, батерии и отпад од електрична и електронска опрема).
На настанот ќе присуствуваат и ЕУ Амбасадорот Н.Е. Самуел Жбогар, амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Рејчел Галовеј и амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рамон Абароа Каранза.
Конференцијата ќе се одржи во просториите на Секретариатот за европски прашања (Кеј Димитар Влахов Бр. 4) во 10:00 ч.
Проектот е финансиран од Европската Унија, во соработка со агенцијата за меѓународна соработка на Северна Ирска (НИКО) и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.