(19.07.2018) Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, денес и утре, учествува на високиот сегмент на регионалната TAIEX работилницата за циркуларна економија, организирана во соработка со Генералниот директорат за животна средина на Европската комисија, која се одржува во Тирана, Албанија.
Во своето воведно обраќање, од име на Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на РМ, Макрадули ја истакна подготвеноста и посветеноста за унапредување на животната средина. При тоа тој посебно ја истакна заложбата во делот на управување со отпадот преку донесувањето на Планот за спречување на создавањето на отпад, исполнувајќи ги ЕУ барањата за циркуларна економија.
Макрадули ги информираше колегите од регионот и ЕУ, за измените на законската регулатива за 100% хармонизација со европското законодавство, опфаќајќи ја циркуларната економија, посебно во делот кој се однесува на колективните постапувачи, каде покрај стандардните собирачи ќе се регулира собирањето на отпадот од текстил, отпадното масло, и слично.
На крајот, тој ги потенцираше идните активности во однос на борбата со отпадот од пластика, како и имплементацијата на регионалните центри за управување со отпадот.