Соопштение за јавноста

Почитувани,

Ве информираме дека заменик министерот за животна средина Јани Макрадули ќе се обрати на Вториот состанок на Работната група за биолошка разновидност кој во рамките на претседавањето на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија со Работната група ќе се одржи на 29 мај 2018 год. (вторник) во хотел Парк во Скопје. Членки на работна група која е дел од пошироката Регионалната работна група за животна средина се претставници на надлежните министерства од Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово* и Србија.

На настанот, свои обраќања ќе имаат и високи претставници на Регионалниот совет за соработка(RCC), Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) и ГИЗ Oтворен регионален фонд за биодиверзитет за Југоисточна Европа.

Настанот ќе започне во 9:00 часот.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на отварањето.