Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, во просториите на Министерството оствари работна средба со австрискиот амбасадор во Р. Македонија, д-р Томас Михаел Баер.
На состанокот се разговараше за состојбите во заштитата на животната средина и беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и реализирање на идни заеднички проекти од областа животна средина на владите на Р. Македонија и на Р. Австрија. За таа цел предложено е потпишување на Меморандум за соработка во областа животна средина и климатски променипомеѓу двете држави.
Служба за информирање