(20.03.2018г.) Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, во рамки на престојот во Брисел, денес оствари работна средба со претставници и експерти на Генералниот директорат на Европската комисија за животна средина.
На средбата, заменик министерот Макрадули презентираше и детално ги објасни досега преземените мерки и активности во насока на подобрување на квалитетот на воздухот, како и напредокот на Р. Македонија во дефинирање на политиките и Акцискиот план на Интерсекторската работна група.
Експертите изразија голема поддршка и дадоа насоки за поефикасна имплементација на сите досегашни преземени активности и политики кои подразбираат целосна посветеност на решавањето на проблемот со загадувањето, како комплексен и системски предизвик кој бара заедничка акција на сите засегнати чинители и сектори.
Заменик министерот Макрадули, на состаноците на Поткомитетот учествува во својство на претседавач на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки кои треба да се преземат за подобрување на квалитетот на воздухот (ИРГ).