Ве информираме дека на 16 март 2018 г. (петок) министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски,директорот на ЈПКД Брегалница Розета Цонева и Н.Е. Сибил Сутер Техада, амбасадор на Швајцарија ќе потпишат Договор за реализација на проектот за Водоснабдување на Делчево.
Потпишувањето ќе биде во салата за состаноци во Министерството за животна средина и просторно планирање (бул. Гоце Делчев бр. 8, зграда на МРТВ, 10-кат) со почеток во 11 часот.
Ве покануваме со ваши екипи да присуствувате на настанот.