Ве информираме дека министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки на 13.03.2018г. (вторник) ќе присуствува на презентацијата на новата мобилна мерна станица за квалитет на воздухот на територијата на Општина Бутел, која е дел од националната мрежа за автоматски мониторинг на квалитетот на воздухот.
Почетокот на настанот е закажан во 11.00 часот, пред просториите на Општина Бутел.
Свое обраќање ќе имаат и амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на оптшина Бутел, Велимир Смилевски.
Ве покануваме со ваши екипи да присуствувате на настанот.