Ве информираме дека заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и постојаниот представник на Програмата за развој на Oбединетите Нации, Луиза Винтон, утре, на 19.12.2017, ќе ја отворат воведната работилница на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“.
Настанот ќе се одржи во хотел Bushi Resort & Spa, во Скопје, со почеток во 11.00 часот.
Проектот е финансиран од Европската Унија, преку ИПА2 програмата, а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.