На 14 декември, во Приштина се одржа 15-от министерски состанок на државите потписнички на Енергетската повелба каде се постави визијата за политиката за клима и енергија за периодот после 2020 година, каде учествуваше и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки. Ова е прво учество на министри за животна средина на министерски состанок во рамките на Енергетската заедница, пракса која ќе продолжи и понатаму.
Со препораката за интегрирани национални енергетски и климатски планови ќе се даде придонес кон обезбедувањето на рамка за воедначување на известувањето за обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и стакленичките гасови.
На маргините на настанот министерот Дураки оствари и билатерална средба со Министерката за животна средина на Косово д-р Албена Рефки Решитај на која се дискутираа можностите за унапредување на соработката во областа животна средина.