УН КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА КЛИМА ВО БОН И МАКЕДОНИЈА

bonn 323-тата Конференција на страните кон Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (УНФЦЦЦ) започна на 6 ноември 2017 г. и има за цел да ги придвижи нациите кон следното ниво на амбиции потребни за справување со глобалното затоплување и да го стави светот на побезбеден и попросперитетен пат за развој.

Конференцијата, која доаѓа само две години по значајното усвојување на Договорот за климатски промени во Париз, дополнително ќе го поттикне динамиката меѓу градовите, државите, регионите, териториите, бизнисот и граѓанското општество во поддршка на националните акциски планови за климата, меѓународно договорената температурна цел и пошироките цели на Агендата за одржлив развој од 2030 година.

Основата на Парискиот договор е што 195 држави се согласија да работат заеднички и да го запрат зголемувањето на глобалната температура за повеќе од 2 степени целзиусови во споредба со температурите пред развојот на индустријата, односно целта е температурата да не се зголеми за повеќе од 1,5 степени целзиусови.

Со него се утврдуваат активности и цели за намалување на емисиите на стакленички гасови за секоја земја која го потпишала Договорот. Тој исто така содржи и мерки за финансирање на напорите за ублажување и адаптација во земјите во развој.

До сега, владите на 169 земји го ратификувале Парискиот договор преку подготвување на специфични мерки за секоја држава, односно утврдување на висината на јаглеродните емисии во сопствените закони.

Иако документот договорен во Париз е обемен, тој сепак не може детално да ги наведе сите начини на кои се очекува државите да го спроведат Договорот, како и постапките за проверка кои се постигнувањата. Некои од овие технички прашања можат релативно лесно да се решат, но други имаат пошироко политичко влијание за кои е потребно внимателно преговарање.

На COP23, преговорите најверојатно ќе се фокусираат на тоа како земјите го спроведуваат Парискиот договор во пракса и ќе се осврнат на тешката одлука на претседателот на САД, Доналд Трамп, за повлекување на САД од овој Договор.

Потребно е да се продолжи напред и да се исполнат обврските кои се планирани до 2020 година. Во оваа насока, најважни се обврските за финансиски средства и ублажување. Обединетите нации велат дека светот ќе достигне зголемување на температурата за 3 степени до 2100 година. Како што извести Светската метеоролошка организација пред неколку дена, 2017 година најверојатно ќе биде една од најжешките три години кои до сега се евидентирани.

Очекувањата од овие преговори се да се утврдат следните чекори со кои ќе се обезбеди комплетирање на структурата на Парискиот договор, да се зајакнат неговите влијанија и да се постигнат целите.

Многу држави навеле дека е потребно упатство кое ќе им помогнат да ги спроведат сегашните одредби од Парискиот договор. Некои пак велат дека има потреба од такво упатство за да се промовира доверба. Сепак, има разидувања во однос на тоа што ова значи во пракса, што е дополнително одразено во контекстот на секое поединечно прашање. Општи ставови за целите на упатството, кои до сега ги имаат искажано државите се:

•Да им помогне на Страните да ги подготват соодветните национални придонеси преку давање јасни насоки за заедничките аспекти;

•Да им помогне на Страните во спроведувањето на постојните законски обврски согласно Парискиот Договор;

•Да се операционализираат одредбите од Парискиот Договор, особено оние кои се во врска со ставовите 26, 28 и 31 од Одлуката 1/CP.21, со што ќе се обезбеди конзистентност и доверба;

•Да и се помогне на секоја Страна да покаже дека ги исполнува своите обврски во однос на соодветните национални придонеси;

•Да обезбеди информации за идните национални придонеси на земјите и да изгради взаемна доверба за спроведувањето на обврските;

•Да разјасни како во пракса ќе функционира процесот на обезбедување информации и пресметување на националните придонеси;

•Да поддржи ефективна транспарентност, глобална инвентаризација на сите емисии и процес на спроведување исполнување на обврските од Парискиот договор;

•Да го зајакне капацитетот за анализа на напредокот при спроведување и оценување на колективниот напредок кон долгорочните цели на Парискиот договор.

COP23 покрај ова, продолжува да дава можности за учество на засегнатите страни кои не се Страни кон Конвенцијата: околу десет илјади луѓе ќе учествуваат во разговорите и ќе бараат решенија кои можат да се применат во секојдневниот живот.