Во периодот од 20 до 24 Март 2017 година, во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање беше одржан првиот дел од експертска мисија преку програмата TAIEX. Тема на оваа експертска мисија беше Бучавата во животната средина односно собирање на податоци кои се потребни за подготвување на Стратешки карти за бучава и Акциони планови за бучава согласно Законот за заштита од бучавата во животната средина, а обучувачи беа претставници на Министерството за животна средина на Словенија.
На експертската мисија беа присутни претставници на Управата за животна средина вклучувајќи и претставници од Централна лабораторија за животна средина како и претставници на општините кои согласно закон се задолжени да ги подготвуваат овие документи односно претставници од Град Скопје, Општина Куманово и Општина Тетово.
Вториот дел од оваа експертска мисија ќе се одржи во месец Мај 2017 година и истата ќе се однесува на работа со софтверот за подготвување на Стратешките карти за бучава.