Поради појава на високи концентрации на суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM 10) во неколку географски подрачjа на ниво на Република Македонија во повеќе последователни наврати, Министерството за животна средина и просторно планирање пристапи кон дополнување на „Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови за алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели“ преку воведување на праг за алармирање и праг за информирање за суспендирани честички со големина од 10 микрометри (PM 10) како и дефинирање во кои случаи истите се сметаат за надминати.
Со донесување на ова дополнување ќе се воведе праг за алармирање, како и праг информирање за надминување на дозволеното ниво на концентрации на суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) во амбиентниот воздух, при што ќе биде овозможено навремено спречување на понатамошното аерозагадување и доведување на стабилна состојба во наредниот период.
Доколку имате забелешки по предлог-текстот на дополнувањето на Уредбата, ве молиме истите да ги доставите до 06.04.2017 год. на infoeko@moepp.gov.mk.