Ве известуваме дека на 26.01.2017г. (четврток) министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети ќе се обрати на завршниот настан на Твининг проектот “Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на европското законодавство во областа на квалитетот на воздухот”, кој ќе се одржи во City Hall Центарот (ул. Димитар Влахов бб, Скопје) со почеток во 09:00 часот.
На состанокот ќе бидат презентирани постигнатите резултати од проектот кој се спроведуваше од мај 2015 до јануари 2017 год.
Воведни обраќања на состанокот ќе имаат и шефот на делегацијата на ЕУ, H.E. Самуел Жбогар и претставникот од Министерството за надворешни работи на Финска, аташе Анти-Веико Каутонен.
Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.