Семинар на Националните координатори и Бордот за управување со Европската агенција за животна средина

EEA1

Од 05.11.2016 до 07.11.2016 година во Копенхаген, Данска, се одржа семинар на кој учествуваа Националните координатори за соработка со Европската агенција за животна средина и претставниците од Бордот за управување со Европската агенција за животна средина.

Целта на овој семинар беше да се иницира квалитативен придонес од страна на учесниците на семинарот, кон процесот на започнивање ревизија на регулативата, целите и работата на Агенцијата. На семинарот учествуваа Националниот координатор за соработка со ЕЕА, Светлана Ѓорѓева и раководителот на секторот за Одржлив развој, Каја Шукова, со цел координиран придонес во ревизијата на Повеќегодишната работна програма на ЕЕА, усогласување на програмскиот придонес на национално ниво, континуитетот на процесот на јакнење на институционалните капацитети на национално ниво и продолжување на соработката кон одржлив развој во согласност со Европските и глобалните цели на Обединетите Нации. 

Како дел од агендата, се одржаа панелни дискусии и консултации во одност на овозможувањето на одржлив развој на националните EIONET мрежи на експерти, кои континуирано известуваат со податоци, информации и анализи кон Европската агенцијата за животна средина, како и учеството во клучните индикаторски и извештајот за состојбата и перспективата на животната средина во Европа – SOER report.

На панелните дискусиии, учесниците презентираа и податоци и информации за состојбата во Република Македонија и подготвеноста за континуитет на активностите во однос на годинешните барања на Европската агенција за животна средина. Меѓу клучните информации кои беа презентирани се и успешната реализација и известувањето со податоци за квалитет на воздухот, преку системот за e-Reporting, за кој е потребна координација со претставници од ЕЕА, со што би се овозможило континуирано и непрекинато известување со податоци и добивање на висока оценка за ефикасноста за известување на Министерството за животна средина и просторно планирање.