ИНФОРМАЦИЈА ДО МЕДИУМИ 13.12.2016

javen-povikПочитувани,

Ве известуваме дека на 14.12.2016г. (среда) министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети ќе се обрати на започнувањето на Твининг проектот за јакнење на административните капацитети за спроведување на Рамковната директива за отпад и директивите за посебните текови на отпад кој ќе се одржи во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје со почеток во 10:00 часот.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а ќе го имплементираат експерти од Обединетото Кралство и Кралството Шпанија, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.