Денес во општина Сарај, на иницијатива на Министреството за животна средина и просторно планирање започна првата фаза од проектот за распределба на 300 канти за отпад (120 L) за населението на општина Сарај, кои ќе бидат доделени на социјално загрозени семејства. Во рамките на поддршката за зајакнување на капацитетите на ЈКП „Сарај“, која на различни начини ја дава Министерството за животна средина и просторно планирање, вклучена е и опрема со 100 контејнери од 1,1 m3 кои ќе се распределат во сите училишта, џамии и други јавни објекти на територијата на општина Сарај.
Во втората фаза од овој проект е предвидено снабдување на средното училиште во Сарај со канти за селектирање на отпад како и поставување на клупи во училичниот парк. Исто така, во блиска иднина ќе се постават и мали канти за отпад на сите главни улици во населените места Сарај и Кондово, со што до одреден степен ќе се подобри јавната чистота во територијата на општина Сарај.