Изаири: Со регионалниот систем ќе се подобри водоснабдувањето на жителите на општина Кичево

DSC_0591

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на о. Кичево Фатмир Дехари денеска го посетија с. Зајас каде направија увид во  изведбените работи на проектот „Изградба на регионален водоснабдителен систем во с. Зајас“, чиј корисник e општина Кичево.

Проектот се однесува на изградба на регионален водоснабдителен систем – делница II: од с. Коларе до с. Долно Строгомиште, и е многу важен инфраструктурен проект со кој не само што ќе се подобри водоснабдувањето на жителите на општина Кичево, туку ќе се влијае и врз подобрувањето на заштитата на животната средина и здравјето на луѓето  во регионот.

Вредноста на проектот е 59 милиони денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

СЛУЖБА ЗА ИНФОРМИРАЊЕ