ИЗВЕСТУВАЊЕ за Јавна расправа по Нацрт- Закон за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк

Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на онлајн јавна расправа по Нацрт-Закон за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II- Национален парк.

Javna Rasprava_Sar planinaЗаради неможноста да се спроведе со физичко присуство, Јавната расправа ќе се одржи на ЗООМ електронската платформа, на 5 ноември 2020 година во 13:00 часот.

Заинтерeсираната јавност може да се вклучи на следниот линк:
https://zoom.us/j/99479341632?pwd=dTJvWGU1OVB6N0dQYVV0dzJQWVhpZz09

Meeting ID: 994 7934 1632

Passcode: 105291

За учесниците на јавната расправа ќе биде овозможен симултан превод на македонски и албански јазик.

Нацрт-Законт е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk, за доставување на коментари, забелешки и консултации со засегнати страни.

Коментари/мислења/сугестии може да доставите најдоцна 10 дена од одржувањето на јавната расправа, односно до 15 ноември 2020 година на: infoeko@moepp.gov.mk, по пошта на адреса: Министерство за животна средина и просторно планирање, плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје, или на отворените телефони на Архус Центарот: 070 666 230; 076 319 503 и 076 319 501.