Yearly Archives: 2024

Средба на министерот Меџити со норвешкиот амбасадор

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес разговараше со Амбасадорот на Кралството Норвешка, Н.Е. Кристин Мелсом. На состанокот, Меџити ги презентираше приоритетите и позначајните проекти од областа на животната средина, вклучително изградба на пречистителни станици, декарбонизацијата и воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпадот. Норвешката амбасадорка му… Прочитај повеќе »

Продолжува соработката со УНЕП во спроведување на политиките за заштита на животната средина

На денешниот состанок на Првиот заменик претседател на Влада и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити со претставникот на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) од Виена, Соња Геберт, се разговараше за усвојување и спроведување на иновативните политики и иницијативи фокусирани на заштитата на природата и животната средина. Беше разгледана имплементацијата на ГЕФ/УНЕП проектот „Промовирање на одржливо управување… Прочитај повеќе »

Континуираната поддршка на Туркије продолжува и во наредниот период

Амбасадорот на Република Туркије во земјава, Н.Е. Фатих Улусој на денешната средба со првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити му упати честитки за превземањето на новите функции во Владата. Меџити изрази благодарност за континуираната поддршката што Република Туркије ја дава на нашата држава и на заедниците… Прочитај повеќе »